Бегалецот Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција. Унгарските медиуми објавија фотографии и видео.
Она што предизвика најмногу внимание е изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту додека седел во судница.
Рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се знаат по завршувањето.
Македонија бараше екстрадиција за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април.