Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на панел со младински организации од Гостивар порача дека интегритетот е клучен принцип во градењето на демократско и просперитетно општество.
Грковска беше домаќин на отворен панел на тема „Што претставува интегритетот за еден млад човек?”, што се одржа во Младинскиот ресурсен центар „Ајкен” (I Can) во Гостивар.
Во дискусијата учествуваа средношколци и студенти од Полошкиот регион, кои ја истакна важноста на интегритетот како клучен принцип во градењето на демократско и просперитетно општество, општество кое нуди еднакви можности за сите.
Вицепремиерката напомена дека Интегритетот мора да биде дел од карактерот на секој млад човек и како што рече тоа се учи од мали нозе и затоа на негово јакнење мора да работат сите заедно, низ целиот училишен процес.
– Вие сте иднината на нашата држава и сé што работиме и ние како Влада, но и сите останати субјекти во општествoто го правиме за вас и секако заедно со вас. И затоа интегритетот е прашање за кое мора отворено да зборуваме и кое треба да го градиме и унапредуваме постојано”, потенцираше вицеремиерката на отворениот панел, рече Грковска.
Таа потенцираше дека нејзинот кабинет ги координира активностите кои треба да овозможат дигитална трансформација на општеството.
– Дигиталната трансформација на општеството е предуслов и за поголема транспарентност, отчетност и одговорност на институциите. Ние како држава мора да ги зајакнеме капацитетите во делот на одговорноста и отчетноста. Секоја одлука на институциите, секој потрошен денар мора да бидат објавени јавно и за тоа да има отчетност. На тој начин ја зајакнуваме контролата од страна на јавноста, граѓанските организации, медиумите на државните институции”, потенцираше Грковска.
На панелот учествуваа и Азир Алиу, координатор на МРЦ Ајкен, Мариана Ангелова, претставник на младинска организација НМСМ, Филип Костадиновски, успешен млад претприемач, творец на неколку иновативни бизнис идеи.
Отворениот панел беше организиран во соработка со УНДП.