Граѓанските организации ќе имаат увид во тендерските постапки

Увид во тендерската документација и процесот на јавните набавки од страна на граѓанските организации, најавија Министерството за здравство, ЕЛЕМ и Службата за општи и заеднички работи при Владата. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Министерството за здравство ги отвара вратите за граѓанските организации за да имаат увид во тендерските постапки, да учествуваат во комисиите кои одлучуваат за јавните набавки.

„ Со целосна транспарентност ќе се интревенира во борбата против корупција. Со увидот на ризик факторите ќе се намали и ризикот од судир на интереси. Се прават анализи во тендерските постапки, но и обиди за заштеда со систем на централизирани набавки. Се е со цел очтеност во  трошење на буџетските средства и јавните набавки и сите граѓански организации кои ќе побараат ќе имаат увид во тоа како се трошат средствата“, изјави Филипче на денешната прес конференција во Владата.

Филипче нагласи дека веќе ги имаат отворено вратите на Здружението за ретки болести кои учествуваат во стручната комисија.

„Во сите постапки во кои се однесуваат на типот на лекови и количини за лекови учествуваа членови на здруженија и родители на деца со ретки болести. Исто така во комисиите се вклучени и здруженија на пациентите со дијабетес во одлучувањето за нови типови на инсулин кои се во рамките на буџетот за оваа намена.“, рече Филипче.

Според министерот промената на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз направи и соодветно планирање со соодветни резерви на лекови кое порано не било овозможено.

И директорот на Елем, Драган Миновски рече дека определбата на раководството се поклопува во делот на транспарентноста за да се има увид и да се знае како се трошат државните пари. Покрај внатрешната контрола и надворешната контрола која ја имаат, Минов рече дека веќе имале состанок со граѓански организации како сето тоа да биде конципирано, со цел да имаат партерски однос и да не се изнесуваат  деловни информации во јавноста.

Службата за општи заедники работи е отворена работиме со строги процедури, рече директорот Пеце Мирчевски .

„Ја елиминираме можноста за местење на тендери и ги покануваме граѓаните преку овие организации да се вклучат во постапките за јавни набавки. Нема да има место за провизии во јавните набавки и злоупотреба на парите на граѓаните“, изјави Мирчевски.

На прес конференцијата беше нагласено  дека невадините организации со потпишување на договор за доверливост ќе имаат увид во целата постапка за јавни набавки.

Одговарајќи на новинарско прашање, то со депонијата која се наоѓа во близина Ургентниот центар, Фиплипче одговори дека градоначалникот на Град Скопје се договорено од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а е направен и договор во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e