Дури десет лица денес биле избркани од ЗОО Скопје бидејќи не го почитувале правилникот на зоолошката и покрај забраната ги хранеле животните. Веста ја потврди Тина Мицковска, портпарол на зоолошката градина.
-Колнета, пцуена, ама ред мора да има. Денес десет лица беа избркани поради хранење на животните – информираше таа.
Хранењето на животните од страна на посетителите на зоолошката во минатото предизвикало голем број на здравствени проблеми кај животните. Вработените во повеќе наврати апелираа дека не треба да им се даваат разни грицки и благи намирници кои може да им наштетат, но сепак голем дел од посетителите ги игнорираат забелешките.