Горивата по полноќ со нови цени – има поевтинување

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 3,00 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 проценти во однос на претходната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,021 отсто, кај дизелот за 4,102 проценти, кај екстра лесното масло за 4,591 отсто и кај мазутот за 3,082 проценти – посочуваат од РКЕ.

Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 105,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 108,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e