Горештините ќе се задржат до крајот на август

Под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса според најновите анализи се до крајот на овој месец ќе се задржат летните температури на воздухот што значи заладување нема на видик, информира метеорологот Славчо Попоски

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, за време на викендот пак и тоа особено во сабота и тоа во северната половина од државава ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури оваа недела ќе се искачуваат во интервалот претежно од 32 до 38 степени.

Сушата која оваа недела ќе ја зафати државава лошо ќе влијае особено врз земјоделието па затоа на земјоделците ги советуваме задолжително да ги наводнуваат своите земјоделски култури и тоа претежно во раните вечерни часови. Исто така поради сушното време големи се шансите и за нови шумски пожари па така на граѓаните се советуваат палење на оган во природа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e