Горан Грујовски останува на слобода

Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека барањето на СЈО за одредување мерка притвор за еден од осомничените во случајот „Трезор” е одбиено како неосновано.

Горан Грујевски од УБК останува на слобода. Грујевски се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој ден во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Се очекува судот да донесе одлука за барањата на СЈО за мерки за претпазливост за останатите осомничени во Трезор.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e