Поранешниот началник на УБК, кој е во екстрадициски притвор во Солун, Горан Грујевски е осуден во отсуство на една година и шест месеци затвор во предметот „Тврдина 2“ за уништување на документи, од кои дел биле поврзани со набавката на опремата за прислушување.
Шесте службенички вработени во Управата се осудени на условна казна. Пет од нив се осудени на условна казна од 9 месеци, а една од нив на 2 години.
Обвинителката Ленче Ристоска рече дека е задоволна од пресудата.
Ова е прва пресуда за предмет на специјалното јавно обвинителство. Судењето за „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Урпавата, барањето безбедносни сертификати и сл. Речиси 3.000 документи биле уништени во црни кеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.
Грујевски и службеничките се осудени за фалсификување службена исправа за што е предвидена казна затвор од три месеци до 5 години.
извор: Макфакс