Го нападнале со нож и му одзеле 300 денари

На 10.11.2017 година во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Г. вработен во домот „Здравко Цветковски“ – Скопје, пријавил  дека  во 18.05 часот во Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица  А.М. од Ресен и М.Б. од с. Другово-Кичево, штитеници на домот  „Здравко Цветковски“.

Според пријавата, додека А.М. и М.Б. чекале автобус, им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со  закана им побарале да им дадат се што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e