Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, беше промовиран контакт центарот за итни ситуации, наречен Глобал СОС.
Глобал СОС е контакт центар за итни случаи за сите граѓани на Република Северна Македонија, преку кој можат директно да се обратат за која било итна ситуација во странство и кој ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга.
Глобал СОС функционира на телефонскиот број +389 75 273 372 преку директен повик или на Viber, преку email [email protected] , преку интернет страницата mfa.gov.mk како и преку социјалните профили на МНР на Facebook и Twitter. За многу кусо време ќе бидат достапни и апликациите WhatsApp и FB Messenger.
Виртуелниот контакт центар работи од 08:00 – 22:00 часот секој ден, а на интернет страницата на mfa.gov.mk се објавени дежурни телефони во сите Дипломатско конзуларни претставништва, кои се достапни 24/7. За кусо време и контакт центарот во МНР ќе биде достапен 24 часа.
Граѓаните можат да се обратат за секој случај кој го сметаат за итен, а особено за случаи како смртен случај или несреќа, изгубен или украден пасош, сообраќајна или друга незгода, елементарни и природни непогоди.