Гласаше и Костадин Богданов, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

На денешниот референдум гласаше и Костадин Богданов, член на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

ко што објавивме претходно и заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески гласаше на денешниот референдум.

Гласаше и екс-министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и пратеникот од оваа партија Крсто Јовановски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, гласаше на референдумот, а правото на глас го оствари и пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Гласаше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. До нашата редакција стигнаа и фотографии од гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e