Ѓукановиќ: Македонија ја научи лекцијата од минатото

Северна Македонија го изгуби чекорот во минатото за евроинтеграциите, но сметам дека лекцијата е научена.

Ова денеска на средбата со претседателот Пендаровски го порача црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ кој е во дводневна посета на земјава.

– „Односите помеѓу Црна Гора и Македонија не се прекинати и имаме традиција на одлични односи. Нашите односи се пријателски, имаме меѓусебна поддршка и делиме заеднички цели. Важно е силно да ја поддржиме Северна Македонија. Сметаме дека тој пат е без алтернатива. Северна Македонија од познати причини го изгуби чекорот на патот на интеграциите, но сметам дека лекциите се научени, а постигнат е голем прогрес и напредок”, вели тој.

Вели дека смета дека не треба да има двоумења, затоа што мислат дека е време за нова динамика во политиките на ЕУ.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e