Ѓорѓи Крстевски: Господине Заев, ангажирајте се, оти авторите се измамени и оставени на цедило!

Поп пејачот, автор и композитор Ѓорѓи Крстевски е еден од низата музичари кои останаа без државна помош за домашни композиции, откако Министерството за култура соопшти дека се поништуваат одлуките за доделување на субвенции.

Доделувањето на субвенции за поттик на домашната музичка индустрија деновиве ја бранува јавноста. Законот со кој музичарите добиваа околу 512 илјади евра годишно започна да се спроведува во 2014 година, но наиде на голем број на критики од јавноста. И додека јавноста на социјалните мрежи не ги штеди критиките на сметка на музичарите, но и политичарите кои го донеле овој закон ( беше донесен во времето кога министерка за култура беше Елизабета Канческа Милевска), музичарите кои останаа без субвенциите реагираат дека им е нанесена штета, не само нив, туку и општо на македонската музика.

Некои од нив веќе најавија тужба со која ќе бараат доследно почитување на законот, додека пак други реагираат дека неправедно се нападнати, како да се криминалци, иако ти не се оние го донеле законот.

Ѓорѓи Крстевски, чие име често се спомнуваше кога беа субвенциите во прашање, за ,,Фокус’’ раскажува за актуелната состојба со домашната музика, за тоа колку субвенции добил и колку пари потрошил за снимање на песни и спотови, за плаќањето на огромни хонорари на пејачите од соседството кога ни гостуваат, но и за обвинувањата дека пејачи кои добивале субвенции се партиски послушници.

– Пред да одговорам на прашањата и дадам свое мислење за актуелната состојба за Законот за поддршка на македонската музика, ќе си дозволам јас да поставам неколку прашања, до вас новинарите и јавноста и до секој еден кој живее под ова мало и напатено парче небо. Не барам одговор, самите одговорете си, во себе, со својот морал и својата свест.

Целиот текст на Фокус прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e