Георгиевски: Власта партиски ги дели оштетените од поплавите

“Поминаа 45 дена од поплавите кои го зафатија овој дел од Скопје и нанесоа голема материјатлна штета на повеќе од 6000 домаќинства. До денес, еднократна помош добиле само 3003 лица што е помалку од 50 % од вкупниот број на домаќинства кои уредно пријавиле штета.” – изјави Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

“Од друга страна, постојат сериозни индиции дека јавните ресурси се злоупотребени за партиски цели. Таков е примерот со најавеното асфалтирање на улиците во поплавените подрачја кое започна пред 5 дена. И сами може да се уверите дека механизацијата стои,
а извршено е асфалтирање на пет улици кои немаат никакво оштетување од поплавите.

При поплавата уништени беа 25 километри локални улици и патишта а нивната реконструкција оди бавно, неквалитетно и селективно. По кој критериум се врши асфалтирањето, бидејќи очигледно е дека тоа не се врши според обемот на оштетување?

Наместо да се санираат уништените улиците во Стајковци и Синѓелиќ и да се поправи каналската мрежа, Општина Гази Баба и Град Скопје се водат од партиски интерес, асфалтираат без никакви критеруими и приоритети и вршат предизборен маркетинг и популизам.

Наместо неодговорното и импровизирано работење,потребен е сериозен пристап кон решавање на проблемите, бидејќи граѓаните мора веднаш да добијат реновирани домови и улици.

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на која животот и безбедноста на граѓаните ќе и бидат на прво место. Нема да дозволиме никаква импровизација и нестручност.

Граѓаните ќе добијат одговорни и ефикасни институции.” – додаде Георгиевски.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e