Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нема да влезат во Влада која нема да го реши спорот со соседна Бугарија.
„Видете, за нас е најважно државата да се движи напред. Битно е да имаме стабилна Влада. Ние сакаме да бидеме конструктивни. Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните. Сакаме силни гаранции од меѓународниот фактор дека Македонија е блиску до датум за преговори. После изборите во Бугарија очекуваме решавање на спорот. Искрено очекуваме датум за отпочнување на преговори. За тоа треба стабилна Влада“, порача Гаши.