Гаши на ТВ21: Нема потреба од брзи избори, треба стабилност и да работиме за ЕУ иднина

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ќе бидат конструктивни овој период.

„Ќе се консултираме со албанските политички фактори во регионот. Ни треба стабилност. Како претседател на опозициска партија би рекол дека добро е да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни, треба да има стабилност во земјата“, порача Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e