Елена Мицеска сега вработена како професорка во една скопска гимназија го пренесе своето искуство од користењето на Гаранција за млади.
Мицеска прво учествувала на обука за Банкарство, а потоа и била ангажирана како практикант во банка. Дритан Даути дипломиран правник од Гостивар којшто учествувал во програмата за практиканство, сега е вработен во нотарската канцеларија кадешто ја поминал праксата.
Флоранда Мухарими и Дарко Николовски коишто преку двете граѓански организации на терен работат на активација на младите лица велат дека нивната задача е да ги информираат невработените млади лица за мерката “Гаранција за млади”, и дека понекогаш и лично ги носат во Центрите за вработување за да се пријават за работа.
На настанот учествуваа и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници од граѓанските и меѓународните организации.