ГАК за смртта на 33-годишната пациентка: Причина е автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

Пациентката И.К. од Скопје почина на КАРИЛ на 9 мај, по повеќе операции. Семејството обвинува дека смртта настанала поради лекарска грешка од оперативен зафат што бил извршен на Клиниката за гинекологија, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе биде спроведен надзор од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а доколку има потреба ќе се спроведе и стручен надзор
Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје вчера попладне го доби хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена 1987 година, која почина на КАРИЛ на 9 мај, а која беше примена на ГАК на 21 април со голем тумор на матката и оперирана на 22 април.

Наодот, како што наведуваат во денешното соопштение, укажува на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург.

Семејството на 33-годишната пациентка обвинува дека смртта настанала поради лекарска грешка од оперативен зафат што бил извршен на Клиниката за гинекологија, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе биде спроведен надзор од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а доколку има потреба ќе се спроведе и стручен надзор.

Од ГАК објаснуваат дека оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната, но најчесто е кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест, со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно.

Понатаму, напоменуваат дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e