Салатата која во саботата ја јаделе во велешкиот хотел била причина за труењето на фудбалерите на Пелистер. Во неа се најдени бактерии од фекално потекло, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна (салати од морков, зелка и цвекло) има присуство на бактерии од фекално потекло – индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес.“ – велат од АХВ.
-Во примарното производство, или производството на нива или е наводнувано, така е дојдено до фекално загадување на самата храна. Тоа значи дека во самиот хотел не се доволно измиени салатите кои ги употребувале, а не е од вработените. Заради предострожност, сите се упатени на лекување – изјави Зоран Атанасов од АХВ.
Извор: ЛИБЕРТАС