ФСП: Груевски, ослободи го ВМРО ДПМНЕ од преголемиот товар со кој и правиш штета на партијата и државата

Форумот на слободоумни патриоти уште еднаш најостро го осудува лицемерието и лажниот патриотизам на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, со што настапи во последното негово интервју за порталот Република, известуваат од таму.

„Како прво и основно, Никола Груевски нема никаков легитимитет да зборува за местени политички процеси и за тоа дека невини луѓе ќе гнијат по затвори. Сакаме да го потсетиме Груевски дека во периодот 2009-2016 година имаше најмногу монтирани политички процеси во кои штети трпеа сите кои на некој начин му се спротиставуваа на неговите луди идеи, а најмногу чесните и искрени вмровци.

Како второ, Никола Груевски и криминалната багра околу него се авторите на еден куп измислени афери, пласирани преку неговите поттрчковци во квазимедиумите Курир, Република, Прес24, Сител итн.

Како трето, Никола Груевски е личноста која одигра многу штетна улога на сметка на Македонските национални прашања. Сакаме да го потсетиме Груевски дека кога тој беше Премиер беа амнестирани т.н. Хашки случаи, злосторства против Македонци од 2001 година, беше донесен Законот за јазици, не се направи попис на население и домаќинства. Понатаму, сакаме да го потсетиме Груевски на телефонскиот разговор со неговиот поттрчко Антонио Милошоски кој и е познат на јавноста, а во кој Груевски и Милошoски зборуваат за промена на името на нашата татковина со таква леснотија, небаре пиперки на пазар купуваат или продаваат.

Како четврто, Никола Груевски и неговите пријатели од ДУИ го поделија народот на етничка, верска, политичка итн. основа како никој претходно. Бадијала сега плачејќи по неговите портали зборува за кохезивни фактори, кога неговите не дела изминатите 10 години се главните фактори на поделбите и егзодусот на македомскиот народ во европските и прекуокенските земји.

Списокот на не дела на Никола Груевски е многу голем, неговото деструктивно политичко делување е уште поголемо. Груевски време е да се спасиш себеси, а и сите нас од твоето лицемерие. Груевски време е за оставка и одговорност, не само политичка. Ослободи го ВМРО ДПМНЕ од преголемиот товар кој го носиш и со кој и правиш штета на партијата и државата“, стои во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e