Министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од фрижидерите каде што ќе се чуваат вакцините.
„Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди“ напиша Филипче.
Денеска во 10:00 часот на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев, соопштија од владата.