Улогата на Уставниот суд е со ваков тип на скандалозни одлуки во основа. Составот наусодт емногу слаб, половина од чиновниците се по партиска врска, луѓето кои се под нивото на нормален едуциран службеник.
Уставниот суд е кромпомитиран, недоветен, шега е и тоа не е добро. Дури и да сакаат да направат услуга на своите патрони да се обидат да ги помилуваат, треба да се знае дека тоа нема да помине. Најголем дел од судиите се при крај од мандатот и прават обиди да ги оправдаат позициите или пак да зафатат позиција доколку нивната партија победи на изборите, вели професорот Љубомир Фрчоски на денешната дебата во емисијата Топ Тема.
-Тука има непостоечки член, одлуката на Иванов е ништовна. На Уставниот суд му останува да влезе во неверојатни толкувања за да ги спасат обвинетите. Сега има одлука и од Собранието по ова прашање, односно дека членот 11 воопшто и не постои. Мислам дека овој скандал на Уставниот суд ќе исчезне како никогаш да не се случило, вели Фрчкоски.
Во однос на жалбата до Стразбур, Фрчоски вели дека овој случај ќе се гледа од друга страна, односно помилувањето како акт кој не може да биде повлечен, но како што вели тој, во овој случај станува збор за пречекорување на надлежностите на органот. Тој смета дека во секој случај ништо од ова нема да успее и дека поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат помилувани.