Францускиот амбасадор прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка

Oколу 800 Французи денес пристигнаа во Крива Паланка како дел од 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа.

received_1808533615960166

Во рамки на Еуроп-Раид 2019, 260 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе училишна, или спортска опрема: училишни торби, тетратки, моливи, топки, играчки … за да им помогне на децата кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.
Младите ентузијасти не само од Франција, туку и од Шпанија,Белгија и Полска денес имаа топол и срдечен пречек во градот.При врачување на донацјата наменета за ООУ Јоаким Крчовски, тие се упатија на разглед на градот, туристичката атракција Манастирот Св.Јоаким Осоговски а вечерва со почеток во 20 часот уживаа во богатата културно-уметничка програма на градскиот стадион, преку која барем накратко се запознаа со македонската храна, култура и сл.
-Воодушевен сум од вашата храна која морам да признам е многу поразлична од нашата, но и вкусна.Местото е прекрасно и мирно, мало гратче со многу гостопримливи и топли луѓе. Забележав многу весели ликови и тоа е добро.Исто така ми се допадна програмата и изведбата на фолклорниот ансамал-навистина уживав-рече една членка на екипажот која доаѓа од Шпанија.
На нашето прашање дали повторно би биле гости во нашиот град, сите едногласно даваа потврден одговор.

received_380178602874061

На стадионот пристигнаа со своите возила Пежо 205 и вечерва ќе останат во градот, а веќе утре ќе го продолжат својот авантуристички пат во соседна Бугарија.
Пред големиот број присутни граѓани свое обраќање имаше градоначалникот Мицевски и францускиот амбаадор Тимоние.
И двајцата воодушевени од младиот екипаж им се заблагодарија за мисијата и им дадоа поддршка така храбро да го продолжат и утрешниот пат како и понатамошниот пат за враќање до нивните домови.
-Сакам на овој убав празничен ден да најавам дека господинот Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка, што ќе се официјализира на свеченоста по повод Денот на ослободување на градот-8 Октомври-рече Мицевски.

received_359376644738902

-Изненаден сум и трогнат, особено поради мојата почит кон се она што во вашиот град се прави за негување и пошитување на француската култура и јазик- истакна Тимоние, кој исто така досега бил прогласен и за почесен граѓанин на градот Дион во Грција.
Тој потенцира дека во тек е усогласување на текстот на дооворот за соработка на Француската агенција за развој со Владата на Република Северна Македонија, но исто така додаде дека во тек се преговорите, изразувајќи надеж дека наскоро ќе стартува соработката.

Автор Р.А

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e