(ФОТО+ВИДЕО) Заев покровител на 45-тата Галичка свадба: Градејќи ја Македонија како едно семејство за сите, ќе создадеме земја со којашто ќе се гордееме

Владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев во текот на вчерашниот ден присуствуваше на 45-тата Галичка свадба.

5

Искажувајќи го своето задоволство поради можноста да биде покровител на овогодинешната манифестација, Заев истакна дека Владата ќе продолжи да ја негува македонската традиција.

„Пред само неколку дена во Брисел бев посебно горд на поканата која ја добивме за членство во НАТО. Денеска сум посебно горд на нашата историја, нашето културно историско наследство кое го славиме со векови наназад и така ќе продолжиме во иднина. Нашето културно наследство е наша гордост. Штитејќи го културното наследство, го јакнеме и нашиот идентитет“, рече Заев.

Инаку во мај годинава, престижниот магазин „Њујорк тајмс“, Галичката свадба ја вброи меѓу 9-те најдобри фестивали во Европа. На оваа листа покрај од Македонија, се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија и два фестивали во Франција.

dsc_0583

Оваа значајна културна манифестација повеќе од 4 децении ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од мијачкиот крај. Во исто време, ја зачувува автентичноста на изворните песни и ора, како и надалеку познатата галичка носија на која е врежан печатот на вековните македонски традиции.

dsc_0583

„Почитувани пријатели, ја градиме Македонија како едно општество, како едно семејство за сите. Тоа е промена за трајна придобивка којашто од Македонија ќе направи земја со која сите ќе се гордееме“, додаде Заев.

Тој на овогодинешните младенци на Галичката свадба, Тања Лепчевска и Златко Димовски им посака среќа, бериќет и брак исполнет со многу деца.

4

Галичката свадба секоја година се одржува на „Петровден“, односно за време на викендот кој е најблиску до овој празник. Манифестацијата, традиционално, започнува в петок. Низата свадбени обичаи кулминираат денеска, со венчавањето на младоженците во црквата „Св. Петар и Павле“, како и со изведбата на невестинското и други ора. Во минатото на Петровден во ист ден се правеле повеќе од 60 свадби.

Меѓу гостите на овогодинешната, 45-та Галичка свадба, беа и амбасадорите на неколку земји во Република Македонија. Оваа значајна културна манифестација ја следеа повеќе од три илјади луѓе од земјава, но и од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e