Во чест на Денот на независноста на Република Македонија 8 септември СДСМ го заобиколи државниот протокол и не положи цвеќе пред споменикот зад „Прометеј“, кој е именуван како „споменик на паднатите херои“.
Во знак на протест против обидите да се девалвира „паркот на жената борец“, делегацијата на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жените во НОБ во паркот Жена Борец.
“Се поклонуваме пред борците за слободна Македонија”!
Без разлика на сите обиди на девалвирање на тие идеали и на ова место, за нас, ова билo, е и ќе биде парк на жената борец а не парк на Прометеј.
Затоа, во чест на сите борци за независностa на Македонија и за сите нивни синови и ќерки, цвеќето секогаш ќе го положуваме пред овој споменик“, стои во објавата на СДСМ.
Никому не му е јасно зошто на 8 септември нема свечени активности пред „Порта Македонија“, за која беа потрошени 6.25 милиони евра, и која на отворањето беше претставувана како симбол на независноста.