(ФОТО+ВИДЕО) Николовски: По 70 години реновирана метеоролошката станица во Кр.Паланка

Благодарение на заложбите на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, под чии ингеренции е Управата за хидрометеоролошки работи, по цели 70 години се реновираше главната метеоролошката станица во Крива Паланка, која е дел од мрежата на станици на мeтеоролошкиот набљудувачки систем во Република Македонија.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство преку Управата за хидрометеоролошки работи, отсега навремено ќе добива податоци за временските услови, климата и нејзините промени од кои во голема мера зависи земјоделското производство.

На барање на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата на Република Македонија, донесе одлука за обезбедување на 2 милиони денари од буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип и во Демир Капија, и 3 милиони денари за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.

Владата во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи да презема мерки за осовременување на метеоролошкиот набљудувачки систем од кој зависи земјоделското производство.

Во насока на справување со климатските промени и добивање точни информации, е и Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени, поддржан од ФАО,  преку којшто се набавени модерни агрометеоролошки станици, инсталирани на три локации: Градско, Кочани и Струмица, а кои ќе бидат управувани од Управата за хидрометоролошки работи.

Градежните работи во Крива Паланка се завршени и во моментов се работи во Штип и во Демир Капија.

Во овие три производни региони каде што се произведуваат стратешки земјоделски култури: градинарски, овошни и ориз, е многу важно редовното следење на временските прилики.

Информациите ќе бидат достапни до земјоделците преку веб страна со која управува УХМР, а на која покрај временската прогноза и сезонските прогнози, се  презентирани и други информации кои им се потребни на земјоделците за преземање на соодветни агротехнички мерки.

29313770_2120691764819018_2543957107364424555_n

29261664_10211461703366450_5996678375702265856_n

29260987_2120691871485674_1808158796996675433_n

29339878_2120691844819010_4604661524854204903_n

28907075_10213519157245637_1030098396_n

29138805_10213519157325639_541445079_n

29019484_10213519157285638_1837331009_n

29261950_10211461703966465_4502738572326993920_n

Инаку, ваква беше состојбата на главната метеоролошката станица во Крива Паланка, пред да биде реновирана.

28938359_10211619873235883_1598785369_o

 

28942505_10211619873275884_972434192_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e