Вечерва во Скопје се одржа првата од караванот трибини „Најдоброто за нашата општина“ кои ги организира Социјалдемократскиот Сојуз. Пред присутните граѓани се обратија претседателот на партијата Зоран Заев, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и Фамир Битиќи, потпретседател на СДСМ.
„СДСМ денеска во Скопје, покажа зошто е НАЈДОБРОТО за секоја општина, за секој град!“, порача по трибината вицепремиерот за борба против корупција и криминал и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски.


