Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва пристигна во Скопје.
Ова е прва посета на Столтенберг во Република Македонија, која покажува дека НАТО е присутен на Балканот и стратешки заинтересиран за Република Македонија. Реформските заложби на оваа Влада ја отсликуваат јасната ориентација на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ.