(ФОТО) Стево Пендаровски денес слави роденден!

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска го прославува својот роденден.

„Роденденот го одбележувам со најблиските. Заедно поминуваме низ најтешките мигови и се радуваме на највеселите. Тие се мојата најголема поддршка и инспирација. Заедно напред!“ – напиша Пендаровски на својоТ ФБ профил, а под објавата следела многубројни коментари со честитки.

Инаку вечерва со почеток во 20 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Пендаровски ќе се обрати на изборната Конвенција.

 „На 3-ти април да покажеме дека сме обединети и цврсто решени да одиме напред! Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се обединиме во заедничките цели – брз напредок и сигурна иднина за нашата држава.“ – порачува Пендаровки.
„Јас ќе бидам претседател на сите граѓани. Заедно ќе продолжиме да чекориме на патот кон ЕУ и НАТО. Заедно ќе изградиме силна и стабилна земја и перспективна иднина за сите следни генерации.
Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!“ – потенцира претседателскиот кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e