(ФОТО) Oпремена полиција – безбедни граѓани: Специјалната единица „Тигри“ добија нови униформи

Денеска во касарната Илинден припадниците на Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување на посебни и специјални задачи.

44541332_1116506835193605_6649119135286427648_o

-Набавени се 200 комплети униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплети униформи за специјална полиција за рурална средина, во склоп на нашите активности за овозможување на соодветни услови за работа на припадниците на МВР, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по промоцијата на новонабавените униформи за припадниците на ЕСЗ.

44579008_1116506875193601_7270478797097402368_o

Министерот Спасовски потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.

44629751_1116506791860276_7246197951108743168_o
/>Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија наназад, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски потсетувајќи дека веднаш по неговото доаѓање на чело на МВР јасно кажа дека тој дотогашен третман на полициските службеници под сите минимални стандарди е недозволив и навредлив. И еве, јавноста сведочи дека тоа се менува, секојдневно, внимателно планирајќи ги средствата, капацитетите, можностите што се на располагање. Со силно декларираната волја и домаќинско работење, согласно планираната динамика, од месец во месец раководството на МВР напорно работи на подобрување на севкупните услови за работа на полициските службеници. Впрочем, рече Спасовски, јавноста и медиумите се сведоци за таквите  ангажмани како во делот на инфраструктурно и техничко унапредување, така и во поглед на материјалните подобрување на условите на работа на сите полициски службеници.

44699229_1116507265193562_6424834650304151552_o

Министерот Спасовски кажа дека продолжува истото темпо и во наредниот период. Се реновираат полициските станици, се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што пак носи подобри резултати во работењето односно поголема сигурност за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e