Бате Геле, еден од најверните поддржувачи на екс премиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, се расплака по пресудата за случајот „Тенк“.
Тој, со солзи во очите ја гушкаше блузата со ликот на Груевски, кој денеска доби две години затворска казна за набавката на луксузниот Мерцедес од 600.000 евра.
По изречената пресуда, поддржувачите на Груевски пред судот почнаа да извикнуваат „Фашисти!“, „Срамота!“, „Никола, Никола!“.
Бате Геле ги има истетовирано ликовите на Груевски и на Мијалков поради тоа што му платиле операција во странство.
Поддршка за Груевски пред судот дадоа поранешните градоначалници на Аеродром и на град Скопје Ивица Коневски и Коце Трајановски, екс пратеникот Александар Пандов и други.
Фото: 1тв