Информации со фотографии испратени редакцијата на “Фронтлајн” покажуваат слаб интерес на граѓаните од неколку градови за митингот на ВМРО-ДПМНЕ.
Половина од најавените автобуси само тргнале за Скопје и тоа исклучиво само членови на партијата.
Во Битола имало 24 резервирани автобуси на неколку локации, но само 7 заминале за Скопје и 5 комбиња, пишува “Фронтлајн”.

Во Охрид планирани биле 8 автобуси на различни локации, но тргнале 5 и 4 комбиња.

Во Кочани, иако имало планирани 4 автобуси и 3 комбиња кон Скопје се упатил само 1 автобус и 2 комбиња.
Од Делчево само 1 автобус со членови на ВМРО-ДПМНЕ заминал за главниот град.
Извор: Фронтлајн
