(ФОТО) Силјановска повторно во друштво на Иванов, Мицковски и други функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска иако пред извесно време на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека немала партиски штаб и дека таа е надпартиски кандидат, факт е дека голем дел од кампањата по се изгледа ја води по општинските штабови на ВМРО – ДПМНЕ и во друштво на челниците на партијата.

Последно, Силјановска е фотографирана во друштво на хашкиот осуденик Јохан Тарчуловски, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и потпретседателот на партијата Александар Николовски кој му правеше друштво на екс премиерот Никола Груевски кога се случи „крвавиот четврток“ во собранието.

54525556_2102934899760291_2914651320591843328_n

Силјановска иако се претставува дека е натпартиски кандидат и дека нема книшка од ВМРО – ДПМНЕ всушност редовно остварува средби со членовите на опозицијата токму во нивните партиски простории. Доказ за тоа се фотографиите кои таа ги споделува на својот ФБ профил.

-Гласачите се ставени во заблуда дека таа е надпартиски кандидат, но всушност таа е избор и продолжена рака на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој пак е „човек на Груевски“ или уште попознат како човек кој слепо се држи до каузата на Груевски кој пак немаше храброст да се соочи со правдата за своите дела со кои разнебити низа човечки судбини во Македонија. – реагираат дел од гласачите.

-Негативната страна е што уште не знаеме дали и колкаво влијание има Груевски во ВМРО (а сигурно го има, затоа што постави претседател на партијата кој е негов човек). Па можеме да добиеме на пет години уште еден Ѓорѓе иако неговата неспособност тешко е да достигне. – коментираат на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e