Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари неколку средби со земјоделци од Ново Село, кои се занимаваат со различни земјоделски дејности.
“Се сретнав со членовите на ловно-риболовното друштво “Елен”, на кои им соопштив дека работиме на олеснување на законските одредби за полагање на ловечки испит. Ги посетив земјоделците кои произведуваат пиперки, кои ме запознаа со состојбата со откупот на црвената пиперка. Имав средба и со сточарите од овој регион, со кои разговарав за моменталната состојба во сточарството, како една од стратешките гранки на македонското земјоделството. Развојот на земјоделството е еден од клучните приоритети на Владата, а на земјоделците ќе им обезбедиме достоинствено место во нашето општество, затоа што нашите решенија ги креираме според нивните интереси и потреби” – посочи Николовски.