(ФОТО) Мартин Протуѓер на редовно јавување во суд

Поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер денеска се појави во кривичен согласно мерките кои судот му ги определи – одземање на патната исправа и редовно јавување во судот секој работен петок во месецот. Иако има обрска да се појави пред судија најдоцна до 12 часот, Протуѓер се појави еден час подоцна и кусо се задржа во судот.

За Мартин Протуѓер, Специјалното јавно обвинителство бараше мерка притвор, но кривичниот суд во јуни годинава му определи само мерки на претпазливост. Протуѓер од апелација си го бараше пасошот назад со образложение дека треба да патува надвор од државата поради лекување. Тој не присуствуваше на јавната седница во апелација, но неговите адвокати истакнаа дека тој го прекинал болничкото лекување во Будимпешта и се вратил веднаш во Македонија откако му биле определени мерките на претпазливост. Пасошите си ги бараа и останатите обвинети во Титаник, но судот ги одби таквите барања. Во случајот Титаник на Специјалното јавно обвинителство, покрај Протугер обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески и уште 15 лица.

СЈО ги терети обвинетите за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања во 2012 година. При објавувањето на истрагата, специјалната обвинителка Фетаи рече дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица го искористиле влијанието и на локално и државно ниво и создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите. Ова обвинение на СЈО се уште е во советот за оценка на обвинителен акт кој треба да одлучи дали ќе го одбри обвинението, ќе го врати на доработка или ќе го отфрли. За Титаник се чека и јавна седница на Апелација на која СЈО ќе образложи зошто бомбите треба да бидат доказ на суд откако кривичен одлучи дека прислушуваните разговори се незаконски доказ.

martin protuger

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e