(ФОТО) Кој е Србинот осомничен дека избодел Македонец во Малта?

Полицијата во Малта трага по српски државјанин осомничен за обид за убиство во градот Бугиба, на северот на Малта.

Србинот е осомничен дека избодел 58-годишниот Македонец, кој е во критична состојба.

Се работи за лицето Милош Видаковиќ, од кого порталот Досие објави фотографии.

srbin1 62238343_897606940574311_3974848299503976448_n-311x640

Полицијата информира дека наводно дошло до расправија, па повредениот Македонец бил пренесен во болница. Таму му била пружена лекарска помош, а поради тешката здравствена состојба, случајот се води како обид за убиство.

Полицијата трага по сторителот кој досега не е пронајден, а полицијата бара сите кои имаат некакви информации да пријават.

И Македонската заедница во Малта испрати апел секој кој има информација да пријави во полиција а очекува и реакција на МНР и македонската амбасада во Рим .

Почитувани Македонци кои работите и живеете на Малта ве замолуваме да споделите слика од убиецот ( Милош Видаковиќ ) на нашиот сограѓанин со што полицијата на Малта ќе може побрзо да го лоцира и спроведе.
Доколку имате било какви информации за лицето ве молиме да пријавите во најблиската полициска станица ! Полицијата е во постојана комуникација со семејството и прават се што е во нивна моќ да го фатат сторителот .
За вакви луѓе нема место на Малта .
Се надеваме на брза разрешница на случајот. Воедно очекуваме и реакција и од МНР ( Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia ) како и Aмбасадата на РМ во Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e