Во изминатиот период, во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза” интензивно се работи за подобрување на инфраструктурата. Направени се неколку реконструкции, корекции и изработка на решенија за подобра експлоатација на инфраструктурата.
Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Проблемот со влезовите и излезите од комплексот кон градските улици е целосно решен.
Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот. Обележани се пешачките зони, поставено е ново улично осветлување. Проширени се тротоари. Создадени се услови за движење на возила за итна медицинска помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди.
Извршено е хортикултурно уредување на парковите и јавните простори низ комплексот. Поставена е нова урбана опрема: клупи, фонтани/чешми, ниско и високо зеленило.
Во непосредна околина на Унивезитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во кампусот на Клинички центар Мајка Тереза – Скопје интервентно е расчистен теренот од старите, диво – вселени објекти во близина на инфективна клиника, старите бараки Медицинар. Со ова, се оформи и директен пристап до инфективната клиника од ул. „Белградска”, со цел да се сепарира движењето на пациентите со симптоми на Ковид-19 од останатите пациенти кои влегуваат на главната капија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”.
Овој месец се пушти во употреба и монтажната модуларна болница за потребите за дополнување на болничкиот капацитет на инфективната клиника.