(ФОТО) Јавноста се прашува дали вака изгледа „слаба посетеност“ на еден митинг?!

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.

Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија. – се вели во најновото соопштение од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

За „полупразните автобуси“ и како што вели Мицковски фијаското на митингот на СДСМ во Скопје многу говорат овие фотографии  – Реки од народ на митингот за поддршка на Стево Пендаровски.

Но, од ВМРО се упорни. Тврдат дека расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл. – реагираат од ВМРО.

„Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.

Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.“ – се наведува во најновото соопштение од опозициската.

Јавноста се прашува дали вака изгледа слаба посетеност на еден митинг посочувајќи ја фотографијата подолу.

57191797_10156217130613202_4939987468788170752_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e