Над 10.000 пријавени на вчерашниот 14-ти по ред Виз ер скопски маратон, но еден кој ги освои срцата на сите и за многумина е вистински победник на денешниот маратон.
Ова е младото момче херој кое во рацете носи момче со Даунов синдром, а кое според пишувањата на корисниците на Фејсбук, паднало на 50-тина метри пред целта. Дел од корисниците на Фејсбук советуваат државата да го одликува овој херој кој е морален победник на маратонот, за да се зголеми мотивацијата за повеќе хумани подвизи кон оние поразличните од нас.