Алексис Ципрас во оваа историска посета ја донесе со себе сопругата и првата дама Бети Базиана.
Таа му е невенчана сопруга скоро 20 години а колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“ .
Се пишува и дека Ципрас никогаш не би дошол до чело на левичарската партија ако не била токму неговата сопруга.

Додека во текот на денот траеjа политичките средби на државните делегации, друштво на Базијана ѝ правеше сопругата на премиерот Заев, Зорица.

Тие го искористија убавото време за прошетка на скопската тврдина Кале, а фотографии од нивното дружење се објавени на официјалниот фејсбук-профил на премиерот.
