(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општата болница во Куманово доби нов современ Ургентен центар

Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев и Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваа на отворањето на новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, објект кој е изграден од темел.

„Го отворивме новиот Ургентен центар  во рамки на општата болница во Куманово, кој за граѓаните од овој регион значи дека ќе добиваат најсовремени и квалитетни здравствени услуги.

Пациентите ќе добијат високо квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал ги има сите потребни услови за работа и функционирање, како и нова медицинска опрема. Ќе се практицираат современи методи за дијагностицирање и ефикасно лекување на пациентите, со што се подигнува квалитетот на Општата болница Куманово.Граѓаните и нивната благосостојба ни се врвен приоритет.“ – рече премиерот Заев на отворањето.
„Секој пациент заслужува подобра здравствена заштита, а вработените европски услови за работа. Вложуваме во унапр едувањето на квалитетот на јавното здравство. На персоналот во Ургентниот центар им посакувам успешна работа“, посочи Филипче.

67398120_10157684218307932_7612280046929051648_n 67305516_10157684218257932_7200728373591539712_n

Kumanovo-Urg-fot4 Kumanovo-Urg-fot2 Kumanovo-Urg-fot1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e