(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Николовски и Шилегов на средби со граѓаните на Крива Паланка

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов вчера беа во посета на Крива Паланка и околните места каде имаа средби со граѓани и беа остварени повеќе посети на домаќинства.3

Николовски при своето обраќање пред присутните наведе неколку од мерките кои ќе бидат составен дел од програмата на СДСМ.

– Зголемување на субвенциите на 160 милиони евра и нивно исплаќање тогаш кога им се најпотребни на земјоделците. 22 милиони евра во првата па се до 33 милиони евра во последната година од мандатот на новата влада ќе бидат обезбедени за активни мерки за вработување на младите, преку кои ќе се отворат 64 илјади нови работни места. Ќе воведеме државна социјана пензија, 15% од потрошеното ДДВ ќе се врати во секој семеен буџет, со тоа секое семејство на годишно ниво ќе добие по една просечна плата плус. На почетокот од мандатот ја укинуваме радиодифузната такса и ја враќаме ефтината електрична енергија, казните и извршителските трошоци ќе ги преполовиме. Ќе воведеме нов даночен систем во државата, фер даноци кои ќе значат, оној кој заработува помалку ќе плаќа помалку, оној кој заработува повеќе ќе плаќа повеќе. Предвидуваме 140 милиони евра за поддршка на компаниите кои ќе даваат просечна плата во Македонија. 108 илјади денари ќе добие секој работодавец кој ќе отвори ново работно место. Секој млад човек, со добра бизнис идеја, без разлика дали е член или симпатизер на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или не е политички ориентиран, ќе добие 10 илјади евра неповратни средства од државата за да започне свој бизнис. – потенцираше Николовски.
1 5 6 12Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов ги повика присутните на општа мобилизација, со цел победа на 11 декември бидејки како што кажа – имаме зошто да се бориме. Се бориме, затоа што од секоја втора куќа има по еден млад човек иселен во странство, за тие деца треба да се бориме и да си ги вратиме назад. Токму затоа го осмисливме Планот за Македонија и секојдневно се среќаваме со вас граѓаните и разговараме за проблемите што ве мачат. Нудиме решенија кои не се популистички но се популарни, решенија кои не се фиктивни туку реални, решенија кои не се само ветување туку ке значат исполнување. Уште во првите три месеци од новата влада, минималната плата ќе ја зголемиме од 9000 на 12 000 денари. За тоа ќе бидат потребни 18 милиони евра, тоа се 1 милион евра помалку од панорамското тркало. На крајот на мандатот ќе се избориме просечната плата да достигне 30 илјади денари. Тоа ќе бидат пари за достоинствен живот, за горд живот, за да не мора никого да молите, за да не може никој да ве уценува, затоа што сте горди и достоинствени луѓе. – додаде Шилегов.

10 11 16

Претседателот на Општинската Организација на СДСМ Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го искажа своето огромно задоволство од масовноста на присутните граѓани.

Во истовреме беа отворени и неколку штабови во месните одбори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e