(ФОТО) Фактура од „Комитска вечер“ стигнала на адреса на јавно претпријатие

Директорот на ЈП “Пазари” во Битола, Александар Касапов, поставен од новата локална самоуправа ги објави спорните фактури и нема намера да ги исплати. Фактура за извршени угостителски услуги во износ од 8750 денари, на која е запишано дека била за „Комитска забава“ пред десет месеци, деновиве стасала на адреса на ЈП „ Пазари“-Битола .

20180509104056

На фатурата стои дека услугите се дадени на 21 јули 2017 година во еден од рестораните во Битола, а доаѓа за наплата после речиси десет месеци.

До пред Нова година директор на ЈП „Пазари“ беше Сашо Стаматов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, сега фактурата дојде за наплата кај новото раководство на „Пазари“ .

Медиумите веќе објавија дека инспектори од СВР Битола, по налог на Основното јавно обвинителство минатиот месец влегле во ЈП „Пазари“ – Битола на лице место да извршат увид во финансиската состојба на претпријатието за последните две години.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e