Премиерот Зоран Заев на својот Фeјсбук профил упати сочувство по смртта на актерот Ванчо Петрушевски.
,,Жална е веста за смртта на знаменитиот доајен на македонскиот театар и филм, Ванчо Петрушевски. Неговиот актерски талент ќе продолжи да живее како инспирација за многу млади актери во Република Македонија. Нека почива во мир“- пишува Заев.
Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој на 67 години настрада од струен удар во неговата викендичка во скопско, ќе се одржи во понеделник во 10 часот во Драмски театар.
Неговите посмртни останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а потоа ќе се изврши погребот.