Каков договор имаше МЗШВ, односно министерот Аријанит Хоџа со мелничарите, и каде завршија милиони евра пари на земјоделците? Вака пред три дена Левица го прашуваше и повикуваше министерот се додека не седнаа на иста маса да договараат мнозинство.
Левица исто така обвинуваше дека поради министерот Хоџа се зголемила цената на лебот и го праша во чии џебови завршил профитот од покачувањето на лебот за 5 денари, а при откупена пченица по стара цена. Сепак во вакви политички игри каде главниот интерес е политичката фотеља се е можно.
Апасиев имаше можност во живо да го праша министерот да им одговорат на земјоделците на овие прашања, но столиците биле преудобни па веројатно имало поважни прашања.
Тоа е таа нова иднина која ја креира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гола борба за власт по секоја цена и без никакви принципи, на која се приклучија и револуционерните Левичари на кои за власт не им пречат Ниту Аријанит Хоџа од Беса, ниту пак Зијадин Села, Африм Гаши, туку важно им е мнозинство. Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Аријанит Хоџа од пред извесно време. Тој вечерва целосно го промени својот став и ставот на неговата партија, за да склучи пакт со антиалбанскиот и антиамериканскиот Димитар Апасиев.
-Во ново парламентарно мнозинство со гласови кои зависат од партија како што е Левица, која во својата програма има изразити антиамерикански и антиалбански пристап, не можеме да влеземе да разговараме и не можеме да дозволиме една таква влада да зависи од политичка партија која е деструктивна и знаеме во која насока ќе ја води државата, потенцираше пред извесно време Аријанит Хоџа.

