Фондот за Западен Балкан (WBF) објави Прв повик за регионални проекти што имаат за цел промовирање на соработката и зајакнување на односите меѓу договорните страни преку споделување на заедничките вредности меѓу граѓаните, граѓанското општество и непрофитните организации во регионот на Западен Балкан и подобрување на контактите меѓу луѓето.
Вкупниот фонд за проекти изнесува 230.000 евра, а крајниот рок за пријавување е 22 декември 2017 година.
Фондот има за цел да поддржи заеднички регионални проекти во сферата на културата, образованието, науката и одржливиот развој, а секако и проекти што ќе се однесуваат и на темите родова еднаквост и млади.
Фондот на Западен Балкан ќе финансира мали и средни проекти со главна цел за зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и зајакнување на регионалната кохезија.