Фондот за иновации ќе финансира 8 проекти за спречување на аерозагадувањето

Осум проекти поврзани со спречувањето на загадување на воздухот, ќе бидат финансиски поддржани од Фондот за иновации, информираше денеска директорот на фондот Јован Деспотовски.

Тој откри дел од бизнис планот во кој стои дека преку овие 8 проекти треба да се изработат и постават 200 уреди кои покрај мерењето, ќе можат и да го лоцираат изворот на загадувањето.

-Во идниот период ќе бидат презентирани овие 7-8 проекти. Во план е изработка на 200 помали уреди кои ќе го лоцираат изворот на загадувањето. Вкупно 243 илјади евра ќе бидат издвоени од Фондот за иновации за овие проекти, рече Деспотовски.

Директорот на Фондот во однос на проектот на братот на Сашо Ордановски за спречување на загадувањето кој беше обвинет за плагијат, истакна дека добиле информација од индиската компанија оти иницијативата за плагијат била дојдена од земјава.

-Од индиската компанија ни кажаа дека иницијативата дека проектот на братот на Сашо Ордановски е плагијат ја добиле од нашата земја. Претпоставувам ова е направено од политички причини, што е жално, рече Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e