Во новиот број на Фокус ќе читате:
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако Владата на Заев лошо владее дома, ако мести тендери, ако е неспособна, ако краде и лаже, ако има ужасни економски резултати, ако ги крши правата и слободите на граѓаните, ако почне да се пресметува со политичките неистомисленици, никогаш нема да речам, молчи и терај, сепак е добро, зашто влеговме во НАТО
НА ИВАНОВ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ ПЕТ ГОДИНИ РОБИЈА
На шефот на државата му загорчи неодамнешното патување во Турција, бидејќи на пат кон дома дозна дека против него се поднесени две кривични пријави. Иванов е ставен во небрано, бидејќи неговата партија веќе ја нема контролата врз обвинителството или Уставниот суд.

МАТЕМАТИЧКИ ПРЕЦИЗНА ОПЕРАЦИЈА
Три месеци по јавниот повик за доделување концесии за изградба на 80 мали хидроцентрали, се формира компанијата „Енерготек“, каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од содружниците. Три месеци подоцна, пак, во конзорциум со струмичката „Минка“-ДА таа добива концесии за изградба на 3 хидроцентрали. Како Мицкоски и партнерите ги добија концесиите?
ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ: НАМЕСТО ПИСМОТО НА МИЈАЛКОВ, ДА ГО ПРЕПРОЧИТАМЕ ПИСМОТО НА ПРИБЕ
Преспанскиот договор го смета за фер договор што ни ги отвора евроатлантските перспективи. ВМРО-ДПМНЕ ја опишува како грогирана партија. За Иванов вели дека со неговите политики направи да бидеме предмет на исмевање како Македонци. Здравството го дефинира како заробено. Ова се поентите од интервјуто со проф. д-р Оровчанец, поранешен министер за здравство
СУДБИНАТА НА ПАЈТОН ПАРТИИТЕ
Една од трите основни функции на пајтон партиите е да го соберат несаканиот материјал (ѓубрето) од големите партии. Зошто некој би бил против тоа и уште и би се лутел!? Напротив, тој што пред себе има искрени непријатели, треба да се радува и да е среќен што зад себе веќе нема лажни пријатели
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Поднесувањето закон за амнестија за учесниците во настаните на 27 април 2017 во Собранието е можно само ако вината за тие настани ја преземе врз себе раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Денко МАЛЕСКИ
Додека на внатрешното уредување на западните демократии им одговара демократска трансформација на македонскиот политички систем, на руското внатрешно уредување сосема им одговараат авторитарните форми на владеење
Ана ПАНОВСКА
Крвничката поделеност кај македонскиот народ е исклучиво заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, која смислено го рашири меѓу народот братоубиствениот нагон. Им залепи жолти ленти на „предавниците“, а нејзините членови глумеа патриоти кои најбезобразно и насилнички си го впишаа „македонскиот народ“ во имотниот лист на партијата
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во тоа е стравот за нашата заедничка лична граѓанска, национална и државна трагедија: и по сто години да не бидеме таму каде што сме денес!? Влегувањето во европското семејство на народите не ни гарантира ништо, но барем ни дава шанси да се бориме за една подруга и поперспективна иднина
Сашо ТАСЕВСКИ
Амнестирајте ги, вратете ги на улица и ќе видите брзо што е масовно иселување. Тогаш нема да има на кого утре да се пофалите дека сте ја покачиле најниската плата на петсто евра. Амнестирајте ги и ќе сфатите дека нема такво дно што ќе го запре тонењето на довербата на граѓаните кон сите институции, вклучувајќи ги и партиите
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По неуспехот со „руската врска“, Мицкоски се надева дека ќе биде прифатен предлог-законот за амнестија и дека со исклучувањето на предавниците од своите редови ќе ги испере своите и гревовите и гнасотилаците на ВЕМЕРЕТО
