Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“.
Ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“.
Првата идеја била осомничениот бизнисмен да се направи заштитен сведок и со наредба да се запре истражната постапка против него, пишува Фокус.
Ова сценарио веројатно произлегува од исказот на Јанева, кој го дала како сведок, со кој пред колешката Вилма Русковска се обидела да ги оправда своите постапки, бидејќи таа и во својата писмена изјава до јавноста напиша дека го врбувала Камчев за сведок. Меѓутоа тогаш споменуваше друга предистрага, а од изјавата на Јовески, се сфаќа дека првоосомничениот Камчев требало да стане заштитен сведок во „Империја.
Целиот текст прочитајте го на следниов ЛИНК.