Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Малиот братучед – Груевски, преку стечајниот управник на Фамилијата, Мицкотакис, решил да го дисциплинира големиот братучед – Мијалков, зашто со сето криминално и авторитарно минато на душа, Бате Саше одлучи сам да скокне од антизападниот брод на ДПМНЕ кој се насука на руска карпа
МАКИЈАВЕЛИСТИЧКИ ПОЛИТИКИ
Ситуацијата ни е бајаги шизофрена. Оние кои стоеja простум на споменувањето на името Сашо Мијалков, сега напрасно видоа во него криминалец. Или, тие што се згрозуваа од тендерскиот учинок на Канческа-Милевска и Тодоров, или за вратарскиот на Крсто Мукоски, наеднаш во нив препознаа херои. Црните ни обелеа, белите ги зацрнивме. Макијавелистички скроз
Пратениците кои гласаа „ЗА“ отворање на уставните измени, за возврат очекуваат да се спасат од долгогодишната робија која им се заканува како обвинети во случајот „27 април“. Постојат неколку начини, политички и судски, на кои може да се издејствува нивната слобода и тоа преку Закон за амнестија, преквалификација на делото или измени во Кривичниот законик
КАКО СЕ ТОКМЕШЕ ДВОТРЕТИНСКОТО МНОЗИНСТВО?
Од ДПМНЕ обвинуваат дека Мијалков убедувал дел од опозициските пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Затоа, го исклучија од партијата. Истовремено, раководството на чело со Мицкоски го разреши Митко Јанчев од потпретседателската функција, со што елиминираше потенцијален конкурент за партискиот трон
ПРОДОЛЖУВА МИГРАЦИЈАТА НА ЛЕКАРИТЕ
Пред да дојде на власт, СДСМ ветуваше дека лекарите специјалисти ќе добијат плати од 100 илјади денари. Но, по година ипол, тоа ветување остана запишано само во предизборната програма. Незадоволни од својот статус и од ниските плати лекарите одлучуваат својата кариера да ја продолжат во земји како Германија
ПРЕСЕДАНОТ ШТО ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА
Овој најнов преседан ја разголи и ја разоткри тајната на македонскиот политички систем. Која вели дека ако имаш 61 пратеник де јуре, исто како да имаш 80 пратеници де факто. Само треба малку креативност и малку со слатко, малку со кисело, а малку и со луто, и можеш да постигнеш што сакаш
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Ако Мицкоски остане и натаму на чело на партијата, треба да се очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се „изрони“ и битно да се смали. Тој правец сигурно води кон изумирање на ВМРО како партија, а може да се спречи, под услов инструираниот и вонинституционално доведениот лидер веднаш да биде избркан од партијата
Денко МАЛЕСКИ
Веќе една година, секоја недела, како пишувам во „Фокус“. Имам години, знаење и искуство, а, во пишувањето, мерка ми се светски авторитети. Сепак, ништо од напишаното не е преземено од некој весник, ставено на портал или извадено на ТВ екран. Дали е тоа забрането?
Ана ПАНОВСКА
Десет години Иванов кротко, смислено и систематски ја оддалечуваше ВМРО-ДПМНЕ од евроатлантските интеграции и вешто го изманипулира дури и самиот Груевски. Дури и за „СК 2014“ се зборува дека е „фикс-идеја“ на Иванов. И навистина, Груевски го сврте курсот на неговата партија откако беше избран Иванов. Оттогаш тргна и жестоката антиквизација што воопшто не ми одеше со прагматичниот ум на Груевски
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За македонските национални интереси, но и за самата партија ДПМНЕ ќе биде најдобра политичка опција ако партијата се самораспушти, па од кадровскиот, материјалниот и од организацискиот потенцијал што ќе остане, се формира нова партија со умерена десно центристичка идеолошка ориентација
Сашо ТАСЕВСКИ
Дали треба сериозно да се земаат предвид одлуки на пратеници што се под истрага!? Во некоја друга држава секако би ги зеле. Тие имаат премногу ниска точка на топење, лесни се за врбување и не се никакви херои. Немојте луѓето да ги правите будали на сила зашто ова мора да го запомнат. За да не се повтори, а ќе се повтори
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Македонија победи „вазелин“ политиката според принципот „кога ќе ги напупат, дупе даваат, а ако ги олабават, дупе бараат“. Со арно, со лошо, се скрши инаетот кај толку пратеници колку што беа потребни за мнозинство и на тој начин се реализира макијавелистичката цел за оправдување на средствата